[ВИДЕО] Магија на мраз: Италијанска лизгачка ги освојува мрежите со лизгање на замрзнати езера

Супермен

06/02/2026

13:37

425

Големина на фонт

а а а

Италијанската лизгачка Иларија Дентела привлекува внимание со лизгање на замрзнати езера, што резултира со импресивни снимки кои на социјалните мрежи бележат милиони прегледи.

Дентела воедно е и италијанска инфлуенсерка и креаторка на дигитална содржина, која стекнала голема популарност токму благодарение на впечатливите снимки од лизгање на атрактивни, често и екстремни локации.


Родена е во 2003 година во Милано. Со лизгање се занимава уште од мали нозе, а со текот на годините ја споила својата вештина со современи видеоформати и естетика приспособена за социјалните мрежи.


Токму таа комбинација од спорт, природа и визуелно впечатливи кадри ги направи нејзините објави вирални.


Освен лизгање, Иларија на својот Инстаграм профил споделува и содржини поврзани со патувања и секојдневниот живот.


Неодамна, во интервју за италијанското „Радио 24“, зборувала за лизгањето и снимките за социјалните мрежи и изјавила: „Моите видеозаписи прикажуваат необична, речиси магична сцена, која често нуди момент на смиреност и слобода. Се трудам уште повеќе да го вовлечам гледачот, нагласувајќи го звукот на лизгалките како лизгаат по мразот“.


Се присетила и како започнала да снима: „Еден ден, без да размислувам за социјалните мрежи, решив да се снимам додека лизгам. Видеозаписите беа оригинални, беа ценети и продолжив понатаму“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk