Колку пати неделно треба да имате интимни односи за да одржите квалитетна врска

Точка

07/02/2026

19:29

804

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе се прашуваат колку често треба да имаат односи за да обезбедат долготрајна и исполнета врска.

Експертите велат дека сексуалниот живот е тесно поврзан не само со задоволството во врската, туку и со општото чувство на среќа и благосостојба, пренесува „Дејли мејл“.

Професорката по човечка сексуалност Никол МекНиколс, која предава еден од најпосетуваните предмети на Универзитетот во Вашингтон, истакнува дека нејзиниот курс „Разновидноста на човечката сексуалност“ секоја година го слушаат повеќе од 4.000 студенти, а интересот е толку голем што редовно постои листа на чекање.


Таа наведува дека истражувањата покажуваат јасна врска меѓу квалитетот на сексуалниот живот и задоволството во врската. Колку е поголемо сексуалното задоволство, толку е поголема веројатноста парот да ја доживува својата врска како успешна и да остане заедно подолго.

„Кога паровите водат белешки за тоа колку се задоволни од својата врска, од животот воопшто и од својот сексуален живот, се забележува јасен тренд – со порастот на сексуалното задоволство доаѓа и поголема радост и исполнетост во врската“, објасни МекНиколс во поткастот Modern Love на „New York Times“.


Сепак, таа нагласува дека тоа не значи дека сексот мора да биде многу чест. Според неа, доволно е паровите да имаат интимен однос еднаш неделно.

„Ако некои парови сакаат почесто да имаат секс, тоа е сосема во ред, но тоа не значи дека нивната врска автоматски ќе биде посилна. Кога ги анализираме придобивките од сексот за врската, тие не се зголемуваат значително по еднаш неделно“, вели таа.

Освен зачестеноста, важен е и квалитетот. Паровите кои имаат стабилни и среќни врски обично внесуваат нешто ново во својот сексуален живот отприлика еднаш месечно.


„Тоа не мора да значи купување костими или реквизити. Ако тоа ви се допаѓа – одлично. Но, промените можат да бидат и многу суптилни, како на пример мала промена на позата, што може значително да го подобри доживувањето“, објасни МекНиколс.