[ВИДЕО] Серена Вилијамс на столбот на срамот: „Секогаш се потсетувам на Ѓоковиќ кому му беше понуден бланко чек“

Точка

09/02/2026

23:11

3.027

Големина на фонт

а а а

Познатата американска тенисерка Серена Вилијамс рекламирала производи за слабеење за време на Супербоулот.

Познатиот тениски новинар Хозе Морон реагирал и упатил низа критики на сметка на Вилијамс.

Имено Морон не може да поверува дека Серена рекламирала нешто што предизвикува толку многу несакани ефекти.

„Секој пат кога ќе видам нешто вакво, се потсетувам на Новак Ѓоковиќ, кој рече дека му бил понуден бланко чек за промоција на позната марка засладени безалкохолни пијалаци, а кој одговори дека не може да промовира нешто што не е во согласност со неговите идеали и дека не станува збор само за пари. Тој дава добар пример за општеството. Срамота за Серена“, напиша Морон.


Инаку сопругот на Серена е дел од управниот одбор на компанијата што го произведува овој препарат, а американската тенисерка наводно ослабела 14 килограми благодарение на производот.


Рекламата беше прикажана на полувремето и ја прикажува Серена како си го инјектира тој препарат и нарачува нова верзија во форма на апче.