[ВИДЕО] Огромниот хит повторно оживеа: По 18 години Елвир Мекиќ и Маја Саздановска ја изненадија публиката со спот за песната „Опасно“

Точка

09/02/2026

16:00

1.140

Големина на фонт

а а а

Цели 18 години по својата промоција, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска конечно доби свој музички спот.

Видеото беше премиерно објавено вчера (08.02) на Јутјуб каналот на „Урбан рекордс“ и веднаш наиде на одлични реакции и бројни позитивни коментари.

„Идејата конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред речиси две децении беше на Иван Јованов – Iwayo, и со Маја веднаш се согласивме. Но, бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме тие да бидат дел од видеото и да ни испраќаат свои снимки како ја пеат ‘Опасно’“, вели Елвир.

Во реализацијата на спотот учествуваа и познати македонски инфлуенсери, меѓу кои Дора, Нина Ред и Октај Сејди, како и мејкап-артистот Даниел Николовски.

„Опасно“, создадена пред 18 години по музика на Јован Јованов и текст на Елвир Мекиќ, и денес звучи модерно и актуелно, потврдувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја изведе песната и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи на 6 јуни 2026 година во арената „Борис Трајковски“.