Колку вреди „златниот“ олимписки медал? Има само шест грама злато, а цената на бронзениот ќе ве насмее

Супермен

10/02/2026

10:11

786

Големина на фонт

а а а

Олимписките златни медали не се направени од чисто злато повеќе од еден век.

Последниот цврст, 24-каратен златен медал е доделен на Игрите во Стокхолм во 1912 година, според Меѓународниот олимписки комитет.

Оттогаш, златните медали се изработени претежно од сребро, со тенок слој злато на површината, само шест грама. Сепак, особено во време кога цените на златото и другите метали силно пораснаа, тие шест грама прават голема разлика.


На 6 февруари, златото се тргуваше по цена од 4.889 долари за унца, што е зголемување од 70 проценти во споредба oд пред една година. Ова е речиси двојно повеќе отколку за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Цената на среброто беше 77 долари за унца, дури 138 проценти повеќе отколку пред една година и речиси три пати повеќе отколку за време на Олимписките игри во Париз.

Во превод, толку чинат олимписките медали, ако се погледне само нивниот состав.

Златен медал - 2.008 евра;

Сребрен медал - 1.140 евра;

Бронзен медал - 5 евра.

Вредноста на скапоцените метали силно порасна во текот на изминатата година, само во јануари 2026 година, цените на среброто се зголемија за 60 проценти  бидејќи инвеститорите бараат безбедни засолништа за капитал поради зголемените геополитички тензии и стравот од инфлација.

Олимписките спортисти, се разбира, не се натпреваруваат за да ги препродадат своите медали, за повеќето од нив, најголемата вредност лежи во престижот и симболиката што ја носат медалите.


Сепак, движењата на пазарот на скапоцени метали пред овогодишните игри во Италија привлече ново внимание кон реалната, материјална вредност на спортските достигнувања.

Дури и со неодамнешната нестабилност кога цените на двата метала се намалија минатата недела поради шпекулациите дека претходно биле преценети - олимписките златни и сребрени медали вредеа повеќе од двојно од нивната вредност за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk