Три утрински навики поради кои на Рики Мартин не му треба ботокс: На 55 години изгледа двојно помладо, а и пластичните хирурзи му се восхитуваат

Супермен

10/02/2026

08:46

1.123

Големина на фонт

а а а

Супербоул, финалето на НФЛ лигата, се одржа во недела во Санта Клара и привлече огромно внимание поради настапот на порториканскиот пејач и репер Бед Бани, во кое имаше бројни политички пораки.

На сцената му се придружија и Лејди Гага и неговиот сонародник Рики Мартин, кој на емотивен начин го изведе едниот од хитовите на Бани, а оние кои долго време не го виделе се запрепастија од изгледот на латино-поп ѕвездата кој пред повеќе од две и пол децении нè воодушеви со хитовите „Livin‘ La Vida Loca“ и „Maria“.


Оние кои го следат Рики Мартин, добро знаат дека денес на 55 годишна возраст тој е можеби поатрактивен од кога било претходно, а делува двојно помлад иако неговото лице не покажува дека во тоа му помогнал хирург.


Што правел на лицето?

Пластичниот хирург Шон Мекнели за „Дејли Мејл“ ја анализирал структурата на лицето на Рики и заклучил дека пејачот немал поголеми естетски операции како што се лифтинг на лицето, вратот, веѓите како ниту блефаропластика.


Тој верува дека Мартин „значително го подобрил“ средниот дел на лицето со дермални филери, а забележал и дека пејачот има феноменален тонус и текстура на кожата, што може да биде резултат на филери, но ненужно бидејќи се постигнува и со правилна нега и здрав животен стил.


„Со оглед а неговите години и тип на кожа, би бил склон кон хиперпигментација како што се старечки пеги. Очигледно е дека презема одредени мерки за да го спречи тоа“, изјавил д-р Мекнели, кој заклучил дека Рики комбинира квалитетна нега на кожа со хидрохин и третмани со ласер за регенерација.


Утринската нега на Рики Мартин

Рики Мартин во една прилика за „Vogue“ открил како изгледа неговата утринска рутина и покажал дека првенствено се фокусира на здравјето – физичко и ментално.

Штом стане, пие мешавина од лимон, мед, лук кој го користи за зајакнување на имунитетот.

Потоа не следуваат серуми, креми или маски за лице туку – медитација.

„Со години бев преплавен од она што се случуваше во мојот живот“ се присетил тогаш пејачот.


За време на престојот во Индија, решил да проба да медитира и се покажало дека тоа му годи, па денес секојдневно се труди наутро да медитира. Тоа не е секогаш лесно, со оглед на тоа што Рики има четири деца, но истакнал дека успева да одвои малку време за себе, благодарение на тоа што го навива алармот да ѕвони малку порано и апликацијата „Headspace“, која му помага да се опушти.

„Би сакал да можам да бидам во положба на лотус три часа дневно. Но и 15, 20 минути, половина час навистина прават разлика“, истакнал Марин.

Ricky Martin Meditates

"I started traveling on my own. I went to India, I found meditation, I went deep into meditation and it was my salvation, to be honest." 🕉️


~ #RickyMartin on #meditation 


#India #meditate

Posted by Coyote Moon Crystals and Gifts on Thursday, July 29, 2021

Откако целосно ќе се опушти со медитирање, тој преминува на ампули за лице од брендот „Кумико“, збогатени со мача и полни со состојки кои го поттикнуваат производството на колаген.

„Се работи за љубовта кон себе. Секси е да се грижиш за себе, зар не?“, заклучил пејачот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk