[ФОТО] Се соблече Адријана Лима: Позирала во најсекси долна облека, се множат коментарите: „Еднаш божица, секогаш божица“

Супермен

12/02/2026

15:06

1.078

Големина на фонт

а а а

„Еднаш божица, секогаш божица“, „Легенди“, „Моите омилени манекенки“, „Така е кралице“, се само дел од коментарите под фотографиите на бразилската манекенка Адријана Лима објавени на Инстаграм. Станува збор за модна кампања на брендот „Викторија сикрет“, а соработката со него ја одбележа нејзината кариера.

„Градник направен за вашата омилена маица. Ви ја претставуваме новата колекција Signature Victoria’s Secret“, пишува на профилот на Адријана Лима, која позирала со Кендис Свонпул, која исто така беше „ангел“ на познатиот бренд.




Во серијата фотографии Адријана Лима се појавува во уште две изданија, а позирала во тегет долна облека, во розова комбинација и во жолт комплет, а неколку фотографии откриваат дека веќе предизвикувачката долна облека има и танга детаљ.



Лима потпиша договор со брендот „Викторија Сикрет“ во 2000 година, а соработката траела 19 години. Таа беше ѕвезда на годишните ревии на брендот, а познатиот милионски градник го носела на пистата три пати: во 2008, 2010 и 2014 година (последен пат заедно со Алесандра Амбросио).


Пет пати ја отворила ревијата на брендот – во 2003, 2007, 2008, 2010 и 2012 година. Од „ангелските крилја“ се збогувала во 2018 година на модна ревија во Њујорк, кога се расплакала на пистата. Тогаш одлучила да направи пауза од манекенството, но повторно се вратила.


По шестгодишна пауза, таа учествувала на модната ревија на „Викторија сикрет“ во Њујорк во 2024 година, како и на годишната модна ревија минатата година во Големото јаболко. Тоа бил нејзиниот јубиларен 20-ти настап за „Викторија сикрет“, бренд што го следат успеси и контроверзии, по кои брендот се сврте кон поинклузивни кампањи, а сега ангажира и плус-сајз манекенки, што може да се види и во новата реклама.


Креативните директори соопштија дека Адријана Лима повторно е под постојан договор, за кампањи и промоции во текот на целата година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk