„Гледајте како гори“: Македонец запалил пицерија поради отказ, па им испраќал видеа на сопствениците

Точка

13/02/2026

15:22

1.607

Големина на фонт

а а а

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи уапсиле државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека предизвикал општа опасност и ја загрозил безбедноста на поранешните работодавци.

Како што се дознава, пожарот се случил на 10 февруари во еден угостителски објект во белградската населба Вождовац, а мотив за овој безумен чин бил револтот на осомничениот поради неодамнешниот отказ.

„Наоружан“ со бензин дошол да се одмазди

Според неофицијални информации, С. Г. во пицеријата во која до неодамна работел дошол со шише полно со бензин. Течноста ја истурил во внатрешноста на локалот и подметнал пожар, сакајќи да им се одмазди на сопствениците поради прекинот на работниот однос.

Го снимал пламенот и им испраќал видеа на газдите

Она што особено ги запрепастило истражителите е однесувањето на осомничениот непосредно по палењето. Наместо да побегне од местото на настанот, С. Г. со мобилен телефон снимал и фотографирал како локалот гори.


Тие снимки, заедно со пораки, директно им ги испраќал на сопствениците на објектот, порачувајќи им: „Гледајте како гори“. Овој потег полицијата го квалификувала како кривично дело загрозување на безбедноста.

Херојска реакција на работниците спречила трагедија

Само поради среќна околност и брзата реакција на вработените била избегната трагедија од пошироки размери. Присебните колеги веднаш почнале да го гаснат огнот, со што спречиле објектот целосно да изгори, но и пламенот да се прошири на околните локали во низата.

На осомничениот С. Г., по налог на надлежното обвинителство, му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен на сослушување.