[ВИДЕО] Се вжестува трката за титулата: Арсенал се „сопна“ кај незгодниот Брентфорд

Дерби

15/02/2026

09:56

188

Големина на фонт

а а а

Екипата на Арсенал не успеа да ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Брентфорд во последниот меч од 26. коло во Премиер лигата.

Брентфорд е незгоден тим пред своите гледачи и во оваа сезона има претрпено само два порази, терен на кој не успеа да слави ниту лидерот кој на крајот мораше да се задоволи со резултат 1-1.

Најзначајните моменти на оваа лондонска битка се случија во вториот дел кога прво Мадуеке ги доведе гостите во предност во 61 минута, но домаќините одговорија и преку Луис-Потер стрелаа во 71 минута што се покажа како доволно за бод.

Сега Арсенал има „само“ четири бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити на 12. кола до крајот.