Манчестер Сити на доминантен начин и за едно полувреме дојде до победата над Фулам во Премиер лигата, победа од 3-0 со која продолжи да го притиска Арсенал во борбата за титулата.
Семењо, О’Рајли и Халанд беа стрелци на погодоците за „граѓаните“, но менаџерот Пеп Гвардиола издвои еден друг играч, ас за кого ова најверојатно е и последната сезона на „Итихад“-тоа е Бернардо Силва.
-Тој е незаменлив. Кога Бернардо не игра таму, треба да играме со друг систем. Прво оди да го притисне голманот, потоа се враќа за да учествува во градењето на акција со Родри. Понекогаш оди надесно, како на „Енфилд“, за да испрати центаршутови или додавања за да го добие натпреварот. Тоа е Бернардо, -истакна Гвардиола.
Португалецот од 2017 година е дел од тимот од Манчестер со кого има договор до 30 јуни ова лето.







