Како за 30 секунди да дознаете дали партнерот ве изневерува: Детектив за неверство го открива најбрзиот начин да проверите дали се сомневате со причина

Точка

16/02/2026

12:40

1.012

Големина на фонт

а а а

Приватниот детектив Пол Еванс, открил кој е првиот чекор во разоткривање на прељубник, а истиот е многу едноставен.

Доколку сте забележале необични промени во однесувањето на партнерот, како на пример одеднаш да го превртува телефонот наопаку, да го остава во џеб и да делува како нешто да крие, природно е да помислите дека ве изневерува.


Иако до неверство може да дојде на разни начини, истражувањата покажуваат дека луѓето сѐ почесто се вртат на помошта на интернет за да одлучат дали да почнат да изневеруваат.

Така студија објавена во „Cyberpsychology, Behavior, and Social Networking“ открива дека скоро две третини од корисниците на апликации за запознавање веќе се во брак или врска.

Апликациите како што е „Tinder“ се во тренд изминативе години, особено меѓу оние кои бараат само секс без обврски, а приватниот детектив Пол Еванс од компанијата „ I-Spy Detectives“ вели дека постои едноставен начин да проверите дали и вашиот партнер ги користи.

„Многу од страниците за запознавање ќе ви кажат доколку имејл адресата е веќе регистрирана кога ќе се обидете да направите профил“, истакнува Еванс.

„Тоа е корисно ако одите на добро познати страници за запознавање и се обидете да се регистрирате со имејл адреса или телефонскиот број на вашиот партнер.

Кога ќе го направите тоа или ќе ви дозволи да направите профил, што значи дека вашиот партнер не е на страницата или ќе ви порача дека дека имејл адресата е веќе во употреба. Доколку сте ја добиле оваа порака, тоа потврдува дека таа адреса веќе е искористена за отворање профил на самата страница“, објаснува тој.


Станува збор за процес којшто трае помалку од 30 секунди и не бара пристап до телефонот или инбокс од партнерот – само започнете ја регистрацијата и чекајте го одговорот од системот.

Тоа секако, не потврдува автоматско неверство, но Пол Еванс спомнува дека не е факт којшто треба да се занемари, особено доколку станува збор за долга врска.

„Можно е профилот да е направен пред почеток на врската. Во секој случај, ако сте заедно со години и нема друго објаснување, тоа е знак за предупредување“, вели тој.