[ФОТО] Најсекси русокосата позираше гола за насловна страница: Милиони уживаат во овие кадри

Точка

20/11/2026

07:06

2.223

Големина на фонт

а а а

Аликс Ерл е навикната да открива речиси сè на социјалните мрежи со своите 8,7 милиони следбеници на TikTok, а сега отиде чекор понатаму и позираше гола на насловната страница на списанието „The Hollywood Reporter“.

Влијателната Аликс Ерл, 25, позираше седејќи пред сива позадина, со едната рака покривајќи ги градите додека косата ѝ беше внимателно стилизирана за да скрие сè друго. Само една објава беше доволна за да ги „запали“ социјалните мрежи.


Во специјалното издание за убавина, Ерл зборуваше за различни теми, од тоа како постојано ги развива своите деловни вештини до успехот на нејзиниот бренд за нега на кожа, „Reale Actives“, кој постои нешто помалку од осум месеци. Брендот доживеа голем успех од лансирањето кон крајот на март, објавува „People“.

За време на интервјуто, Ерл, исто така, откри детали за работата на нејзиниот бренд.


„Доколку ме прашавте што сакам од мојата кариера или која е мојата крајна цел, пред да почнам да работам на социјалните медиуми, ќе речев дека сакам да имам свој бренд“, изјавила Ерл за ова списание. Таа додала дека била инспирирана од нејзиниот татко и неговите браќа, кои заедно изградиле градежна компанија.

„Не знаев точно каква компанија сакам да имам, ниту дека тоа ќе се случи толку рано во мојот живот. Кога добив огромна можност на интернет, беше одлично, но во исто време сфатив дека сè може да биде краткотрајно. Во еден момент си релевантен, а следниот, те нема“, објаснила таа.


„Неверојатна си“, „О, Боже“, „Вау“, „Совршена“, „Ти си кралица“, „Проклета совршеност“, беа некои од коментарите под објавата.