Минатиот месец „Samsung“ најави дека ќе додаде „ново ниво на приватност“ на „Samsung Galaxy S26 Ultra“ преку новата функција за приватен екран. Сега компанијата сподели кратко видео кое покажува како таа функционира – екранот може да ја затемни целата површина или само одредени делови кога телефонот се гледа од страна, без да влијае на читливоста за самиот корисник.
Во видеото е прикажан случај во кој целиот екран се затемнува за несакани набљудувачи кога е вклучена опцијата „Zero-peeking privacy“. Интересно е што телефонот има контрола поединечно врз пикселите, па може да затемни само известувања со чувствителни информации.
Ќе можете да изберете начин на управување со оваа функција – рачно вклучување и исклучување или автоматско активирање, на пример кога ќе излезете надвор.
Функцијата ќе се конфигурира преку поставките на уредот.

Оваа опција, наводно, е толку интересна што и „Apple“ покажува интерес – според наводите на „Ice Universe“, би можела да се појави на „MacBook“ лаптопите во 2029 година. Некои лаптопи веќе имаат основна верзија на ова решение – „HP“ ја нарекува „Sure View“, додека „Lenovo“ користи назив „PrivacyGuard“.

Сепак, тие имплементации можат да активираат заштита само за целиот екран, додека „Samsung Galaxy S26 Ultra“ ќе може да ја примени само на одредени делови од екранот.
Серијата „Samsung Galaxy S26“ ќе биде претставена на 25 февруари (следната среда).






