„Meta“ го гаси „Messenger“: Еве што значи тоа за корисниците

Точка

20/02/2026

16:02

672

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Meta“ ја затвора самостојната веб-страница на „Messenger“, официјално е потврдено. Веб-страницата ќе исчезне во април, иако корисниците на веб и понатаму ќе можат да испраќаат и примаат пораки во рамки на „Facebook“.

„Откако messenger.com ќе исчезне, автоматски ќе бидете пренасочени на користење facebook.com/messages за размена на пораки на компјутер. Можете да ги продолжите разговорите таму или преку мобилната апликација „Messenger““, стои на страницата за помош на корисници.

Корисниците ќе можат да ја вратат својата историја на разговори по преминот на апликацијата со внесување ПИН-код. Тоа е истиот ПИН што бил користен при првичното креирање безбедносна копија на „Messenger“. Оние што го заборавиле не треба да се грижат, бидејќи постои можност за негово ресетирање.


Сепак, многу корисници изразија незадоволство од одлуката на „Meta“ за гасење на самостојната веб-страница. Ова особено се однесува на оние што ги деактивирале своите „Facebook“ профили, но продолжиле да го користат „Messenger“.

Ова се случува само неколку месеци откако „Meta“ ги укина самостојните десктоп апликации на „Messenger“. Во тој период компанијата ги упати постојните корисници кон „Facebook“ за да продолжат да ја користат услугата, наместо на посебната веб-страница на „Messenger“. Со други зборови, неговата судбина била запечатена уште од октомври, пренесува „Klix“.


„Messenger“ има долга и богата историја. Платформата првпат беше лансирана како „Facebook Chat“ уште во 2008 година. „Facebook Messenger“ стана самостојна апликација во 2011 година, а компанијата долго се обидуваше да го направи „Messenger“ нешто што е „надвор од Facebook“. Во 2014 година ја отстрани можноста за пораки од главната апликација и почна да ги пренасочува корисниците кон „Messenger“, но повторно започна негова интеграција во „Facebook“ апликацијата во 2023 година.