Поранешниот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, вчера „реши да се врати во Македонија“, откако во декември 2024 година одлучи да избега, па очекувано е топ-тема во јавноста.
За Груби додека беше во бегство имаше одредено затворски притвор од 30 дена поради тоа што беше осомничен во случајот со проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија, но истиот синоќа беше заменет со куќен притвор и 24-часовен надзор. Исто така на Груби му е одземена и патната исправа.
По апсењето на Груби, МВР издаде и соопштение до јавноста:
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот Законик“, известија од МВР.
Социјалните мрежи се преполни со реакции од јавноста, во продолжение ви пренесуваме дел од нив:
Сега го караат Груби дека еден ден покасно дошол, требало вчера за да му простат
— Flying Fahman (@FlyingFah) February 23, 2026
Само Артан Груби се појави после празници, сите други "ќе се видиме после празници" и ништо
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) February 23, 2026
Артан Груби се врати во Македонија а ти уште си ми скарана.
— AristoCat (@AristoCat221) February 23, 2026
Артан Груби дојде на Прочка.
— 🄾🅁🄸🄾🄽 (@cliffordlburton) February 23, 2026
Го уапсиле Артан Груби.. значи сега ќе се игра фудбал во Шутка
— Zoran Gega Madzoski (@ZoranGega) February 23, 2026
















