Од сцена до историја: „Мојот пат“ како сведоштво за развојот на македонскиот балет

Точка

24/02/2026

16:38

146

Големина на фонт

а а а

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоцијата на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – една од најзначајните личности во историјата на македонскиот балет.

Монографијата, чиј автори се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски, претставува сеопфатен и интерпретативен приказ на уметничката, педагошката и репетиторската дејност на Баталаковски. Делото нуди длабински осврт на неговата сценска кариера, но и на неговата улога како визионер и институционален двигател во развојот на балетската уметност кај нас.

Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и низ богата архивска граѓа, лични сведоштва и аналитички осврти го следи животниот пат на уметникот – од неговите први чекори на сцената до позицијата првенец на Балетот и прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет.


Со својата посветеност, дисциплина и јасна уметничка визија, Тони Баталаковски остави длабок и траен белег во институционалниот и креативниот развој на македонскиот балет. „Мојот пат“ не е само биографска публикација, туку сведоштво за едно време, една професија и една животна мисија, која продолжува да инспирира генерации уметници.

Промоцијата се очекува да собере бројни културни работници, балетски уметници, колеги и почитувачи на неговото дело, во вечер што ќе биде посветена на сеќавањето, уметноста и културното наследство.