[ВИДЕО] „Југославија“ влезе во финалето за српска песна на Евровизија и несомнено е главниот фаворит: Фановите од Косово бесни, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи

Точка

25/02/2026

12:09

1.749

Големина на фонт

а а а

Пејачката Зејна Муркиќ настапи во првото полуфинале на српскиот избор за песна на Евровизија со песната „Југославија“ и предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Откако нејзината песна претходно беше предмет на критики поради самиот наслов, по настапот во прв план излегоа техничките елементи на сценското изведување, кои го засенчија нејзиниот вокален и акробатски талент.

Обвинувања за политизирање на Евровизија

Песната предизвика контроверзии уште пред самата полуфинална вечер. Имено, официјалниот профил под назив „Eurovision Kosovo“ ја обвини Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“. Иако стиховите на песната зборуваат за обединување и заедништво, на тој профил се појавија коментари во кои се наведува дека песната „ја величи Југославија“.

„Србија не може да ја одвои политиката од Евровизија. По песна за „враќањето на војската во Косово“ во ПЗЕ, оваа година има песна што ја величи Југославија. Ако Србија ја избере, ЕБУ нема да го дозволи тоа – политичките пораки се забранети со правилата“, се вели во објавата.

„Сајлите беа ѕвезди на вечерта“

По изведбата на Зејна, фокусот на јавноста се префрли на самиот сценски настап. Пејачката, облечена во елегантна долга тоалета, ја изведуваше песната додека сајлите ја подигнуваа во воздух, овозможувајќи ѝ акробации, вртења и пеење наопаку. Сепак, токму сајлите станаа главна тема на коментарите на социјалните мрежи.

Многу гледачи истакнаа дека техничката изведба го одвлекла вниманието од самата песна и од пејачката, додека најголемиот дел од критиките биле упатени кон организаторите, со оценка дека „можеле повеќе да се потрудат“ за опремата за подигање да биде дискретна и помалку забележлива.

Седум песни од вкупно 12 се пласираа во финалето кое е закажано за 28 февруари. Тоа се: Мирна – „Омaја“, Космос Трип – „Све је у реду“, Ива Грујин – „Откривам себе“, Лорес – „Unseen“, Јанкс – „Срушио си све“, Зејна – „Југославија“ и Ана Машуловиќ – „Заволи ме“.