Да, и тоа постои: Земјата во која милијардерите градат „бункери за судниот ден“

Супермен

02/03/2026

18:58

1.074

Големина на фонт

а а а

Кога некој ќе каже „бункери на милијардери“, повеќето од нас замислуваат некои бетонски утврдувања скриени во пустина или воена база среде ништо. Но, реалноста е малку поинаква.

Нов Зеланд во последните години стана омилено прибежиште на супербогатите. Тие купуваат големи поседи, често цели имоти  во рурални и изолирани делови на земјата. На тие локации градат или планираат луксузни подземни бункери, не обични засолништа, туку целосно опремени објекти за долгорочно преживување. Сето тоа за да можат да преживеат евентуален глобален колапс – нуклеарна војна, пандемија, климатска катастрофа или нешто друго…

Во последните неколку години веста, која истовремено ја заинтересира и шокира јавноста, гласи: милијардерите и ултра-богатите луѓе сериозно се подготвуваат за голема криза и/или крај на светот. И за многумина од нив, нивниот „план Б“ го вклучува Нов Зеланд.

Не станува збор за теорија на заговор од лоша серија, туку за реални купувања на земјиште, подземни структури и долгорочни стратегии за преживување кои се шират меѓу елитата на технолошката, финансиската и инвестиционата сцена.

Кога некој ќе каже „бункери на милијардери“, повеќето од нас замислуваат некои бетонски утврдувања скриени во пустина или воена база среде ништо. Но, реалноста е малку поинаква. Нов Зеланд во последните години стана омилено прибежиште на супербогатите. Тие купуваат големи поседи, често цели имоти во рурални и изолирани делови на земјата. На тие локации градат или планираат луксузни подземни бункери, не обични засолништа, туку целосно опремени објекти за долгорочно преживување.

Тие објекти имаат: сопствена струја (соларна + батерии + генератори), системи за вода и филтрирање, напредни филтри за воздух, залихи на храна и лекови, безбедносни и комуникациски системи… Сето тоа за да можат да преживеат евентуален глобален колапс – нуклеарна војна, пандемија, климатска катастрофа или нешто друго, пишува „24sata.hr“.

Зошто токму Нов Зеланд? Ако ја погледнете мапата на светот, јасно е зошто Нов Зеланд изгледа како природен избор за „последна дестинација пред апокалипсата“. Сместена на самото дно на Пацификот, државата е: географски изолирана од повеќето големи политички и воени конфликти, релативно политички стабилна, богата со чисти ресурси како вода, плодна почва и природни богатства и има низок степен на население во многу региони, идеално за оние кои бараат приватност и изолација.


Сето тоа го прави Нов Зеланд привлечна дестинација за оние кои размислуваат долгорочно, не за следната година, туку за следните 20, 50 или 100 години.

Станува збор за комбинација на практични фактори (стабилност, клима, ресурси) и лични преференции на оние кои можат да си дозволат такви планови.

Кој веќе има земја и планови таму? Најпознатиот пример кој често се појавува во медиумите е Питер Тил (Peter Thiel), коосновач на „PayPal“ и значаен инвеститор во Силиконската долина, кој во 2011 година добил новозеландско државјанство и купил голем имот од околу 193 хектари на Јужниот остров (South Island), во регионот Лејк Ванака/Квинстаун (Lake Wānaka/Queenstown), токму затоа што, како што самиот наведувал и како што известувале медиумите, смета дека тоа би било идеално место за евентуален глобален колапс.

Иако неговите планови за изградба на голем луксузен „лодџ“ (lodge), кој вклучувал елементи слични на бункер, биле одбиени од локалните власти во 2022 година, а подоцна и на жалба во 2024 година поради влијанието врз пејзажот и околината, Тил сè уште го поседува имотот и дел од подготовките остануваат активни.

Тука се и други, анонимни технолошки основачи, менаџери на хеџ фондови и крипто милионери, кои преку посебни канали купуваат големи парцели во руралните делови на Отаго, Ванака, Квинстаун и други изолирани региони. Тие поседи не се рекламираат јавно како „бункери“, но идејата е иста: оддалечени, самодоволни имоти кои можат брзо да се претворат во стабилни бази ако светот се сврти наопаку.

Компании специјализирани за изградба на бункери, како американската „Rising S Company“, потврдија испораки и инсталации на такви објекти на Нов Зеланд во изминатите години.


Што точно очекуваат милијардерите? Тука доаѓаме до делот кој звучи како од роман или филм. Милијардерите не градат само подрум со конзерви. Станува збор за системи со автономно напојување (соларна енергија, генератори), филтри за воздух, складишта на храна за повеќе години, сопствени извори на вода, па дури и заштитни структури кои можат да издржат екстремни сценарија како војни, пандемии, климатски шокови или колапс на општествени системи.

Во некои случаи, постојат и компании специјализирани за тоа, кои градат луксузни, стратешки зацврстени бункери на Нов Зеланд кои купувачите можат да ги прилагодат според своите желби и потреби – од безбедносни врати до повеќедецениски залихи, базени, теретани и хидропонски системи… Па, зошто некој сериозно би верувал во апокалипса?

Иако тоа може да звучи екстремно, менталниот склоп кој стои зад овие планови не секогаш потекнува од параноични теории на заговор. Некои мотиви вклучуваат: економска и политичка неизвесност, вклучувајќи потенцијални колапси на пазарите или геополитички конфликти; загриженост за климатските промени, од пораст на нивото на морето до екстремни временски појави; технолошки ризици, како можен ефект од многу напредна вештачка интелигенција или биотехнолошки закани; потребата за обезбедување ресурси – вода, храна, енергија и безбедност стануваат реални фактори во екстремни сценарија.

Станува збор за комбинација на реални ризици кои економисти, научници и експерти за глобални ризици ги препознаваат, плус дополнителен степен на свест и средства кои обичната личност ги нема. За милијардерите, „план Б“ не значи само елегантна куќа на плажа. Да, многу од овие бункери и планови се силен симбол на современиот „preppers“ менталитет меѓу најбогатите. Но тие исто така ја одразуваат реалната загриженост која луѓето можат да ја имаат пред глобалните ризици.


Разликата е што милијардерите имаат средства да ги претворат тие стравови во конкретни планови. На крајот, приказната за богатите луѓе кои го планираат својот бегство на Нов Зеланд зборува подеднакво за нивната вера во сопствената способност да се подготват, колку и за глобалната неизвесност која сè повеќе луѓе, без разлика на богатството, почнува сериозно да ја разгледува.

„Кога можеш тоа да си го дозволиш, тогаш е глупо да не реагираш. За секој случај“, рекол еден анонимен богаташ кој набавил имение на Нов Зеланд…

„Повеќе од половина милијардери кои ги познавам поседуваат приватни бункери кои планираат да ги користат во случај на апокалиптичен настан“, признал Рид Хофман (Reid Hoffman), еден од основачите на „LinkedIn“.

„Не станува збор за тоа дека мнозинството верува дека апокалипсата е реална можност, туку веруваат дека постои шанса нешто такво да се случи. А кога имате доволно пари на располагање, тоа е логичен потег“, рекол Јишан Вонг (Yishan Wong), поранешен директор на „Reddit“.

„Кога парите не се проблем, тогаш можеш да решиш и проблеми кои инаку не би биле тука“, порачал еден богаташ кој го поседува својот „бункер на судниот ден“…



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk