[ФОТО] Поранешиот славен фудбалер „фатен“ во хотел во 3 часот наутро со две девојки: „Што ќе ти рече сопругата?!“

Супермен

02/03/2026

15:00

925

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер Вејн Руни ја поминал саботата во лудо излегување во Манчестер. До раните утрински часови пиел со две жени во еден хотел, пред доделувањето на „Брит“ наградите.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед во еден момент стоел со откопчани панталони, иако дружењето се одвивало во луксузен хотел. Неговото излегување го забележале камери, а фотографиите и видеото ги објави „The Sun“. Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а многумина изразија незадоволство од однесувањето на поранешниот фудбалер, кој од 2008 година е во брак со Колин Руни, со која има четири деца.


„Луѓето кои го забележале Вејн зборувале: „Што би помислила Колин?“ Неа никаде ја немаше. Изгледаше како Вејн да пиел. Делуваше како да испил неколку пијалаци“, изјавил извор за странски медиум.

Руни во хотелот пристигнал со поп-ѕвездата Калум Скот, пред да му се придружат две непознати жени, од кои едната била со своето момче. Сведоци изјавиле дека поранешниот фудбалер изгледал многу „лошо“ кога околу 1:30 по полноќ излегол од тоалетот со раскопчани панталони. „Вејн како да не можеше да ги закопча панталоните. Во еден момент речиси му паднаа на под, но успеа да ги задржи“, додал изворот.


Вејн „продолжил да ги крева панталоните, но тие повторно паѓале“. Извори откриле и дека речиси два часа разговарал со непознатите девојки, со пијалак во рака. „Изгледаше како да се забавува и да се шегува со жените“, изјавил изворот. Руни и една од девојките на крајот го напуштиле хотелот, пред околу 3:25 часот да влезат во одвоени автомобили.


„Подоцна си замина сам. Стоеше надвор, каде што се собраа повеќе луѓе, а потоа влезе во автомобил. Приближно осум минути подоцна пристигна таксито кое ја зема жената. Луѓето во редот го препознаа и зборуваа дека изгледало како да не е во добра состојба“, истакнал сведокот.

Руни и претходно имал низа инциденти во кои биле вклучени други жени. Тој признал дека бил со проститутки пред да се ожени со Колин, а наводно имал и сексуални односи со две сексуални работнички додека Колин била бремена со нивниот син Каи. Во 2017 година, Вејн бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а тогаш со него во автомобилот била канцелариска работничка Лора Симпсон.


Во септември минатата година поранешниот фудбалер открил дека сопругата му помага да го намали пиењето. „Искрено верувам дека ќе бев мртов доколку таа не беше тука. Правев грешки во минатото, кои се добро документирани или како и да е, но понекогаш сум малку поинаков и таа ме држи на вистинскиот пат, и тоа го прави веќе околу 20 години“, истакнал Руни.

Колин во 2023 година признала дека нивната врска во одредени моменти била „тешка“, но и истакнала: „Љубовта секогаш беше присутна, па зошто да се откажеме од тоа? Ако љубовта сè уште е тука, зошто да не се обидеме да ги решиме проблемите? Луѓето не го видоа тоа бидејќи се случуваше зад затворени врати, понекогаш беше борба, беше тешко. Луѓето го гледаат само она што е во медиумите, не знаат што се случува во нашиот живот“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk