Линдзи Лохан се огласи од Дубаи каде што со години живее: Се молам за мир

Точка

03/03/2026

13:45

552

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Линдзи Лохан и нејзиното семејство со години живеат во Дубаи.

Таа се огласи на Инстаграм откако Иран започна контранапади по заедничкиот удар на Соединетите Американски Држави и Израел.


„Се молам за мир. Чувајте се сите. Бог нека нè благослови“, напиша таа на Инстаграм приказна. Извор за ТМЗ изјавил дека таа, нејзиниот сопруг Бадер Шамас и синот Луаи се на безбедно.

Лохан се преселила во Дубаи во 2014 година. На овој чекор се одлучила бидејќи сакала да пронајде мир и приватност далеку од медиумското внимание што го имала во Холивуд.


Кувајтскиот бизнисмен Бадер Шамас го запознала во 2020 година, а се свршиле во 2021 и се венчале една година подоцна. Синот Луаи го добиле во 2023 година. Минатата недела во интервју за „Vogue Arabia“ зборувала за тоа колку се хармоничен пар.


„Толку нѝ е добро заедно затоа што тој е многу смирен, а јас сум како петарда. Животот во Дубаи нè држи приземјени. Можам да поминувам време со моето семејство. Градот ми дава чувство дека сум блиску до она што е најважно“, изјавила Лохан.