Ливерпул доживеа неочекува пораз во Премиер лигата и тоа од најслабиот тим Вулверхемптон кој славеше со 2-1.
„Црвените“ имаа можност да врзат четири победи во низа, но кога се очекуваше рутински да се суредат „волците“, оваа група потклекна и токму овој резултат може многу да значи на крајот на сезоната.
- Едвај дозволивме шанса, не создадовме премногу, повеќе од нив, но резултатот е повторно пораз од 2-1. Губиме премногу фудбалски натпревари и губиме бодови. Дали повторно примивме гол во продолжение? Трите пати што загубивме во последните 22 натпревари сите беа во дополнителните минути, - рече Слот и додаде:
- Лош резултат, далеку од добро прво полувреме, подобро второ полувреме. Во второто полувреме, имаше малку поголема итност, се приближувавме до постигнување гол, а потоа примивме гол во првиот момент кога стигнаа околу нашиот шеснаесетник.
- Веднаш возвративме, прво од стативата, потоа со Мо, а потоа двапати бевме блиску до победа. На крајот, примивме одбиен удар, што не беше ни шанса, - истана Арне за „ТНТ Спортс“.








