Флик: Ова е она што сакам да го видам, разочарани сме, но…

Дерби

04/03/2026

13:22

225

Големина на фонт

а а а

Барселона го преслуша Атлетико Мадрид на реванш натпреварот од полуфиналето во Копа Дел Реј, но триумфот од 3-0 не беше доволен да се обезбеди место во завршниот меч на ова натпреварување.

Очајното издание од првото полувреме на „Метрополитано“ (4-0) се покажа како пресудно во оваа битка, па кај тренерот Ханси Флик имаше измешани емоции по она што вчеравечер се случи на „Камп Ноу“.

- Разочарани сме, но и горди на она што го видовме. Беше неверојатен натпревар; создадовме толку многу шанси. Но, на крајот, тоа не се случи..По двата порази што ги претрпевме (против Атлетико и Џирона), имавме долг разговор со тимот во соблекувалната. Мислам дека тимот се опорави. Сите беа фантастични, Бернал беше импресивен, но и Кубарси. Имаше еден или два натпревари каде што не беше [во својата најдобра форма], но има причина за тоа. Тој е фантастичен дефанзивец, еден од најдобрите централни бекови во светот. Со топка, како што го покажа тоа денес, беше неверојатно, -истакна Флик кој остана без двајца дефанзивци, а останува да се види дали е се во ред и со останатите играчи по исцрпувачкиот меч со Атлетико.

- Чекор по чекор. Долг пат е пред нас. Во Ла Лига и Лигата на шампионите. Мораме да се фокусираме на она што следи, а тоа се Билбао и Њукасл, два многу силни тима. Станува збор за закрепнување. Квалитетот што го гледаме е таму. Можам да кажам дека сум горд на моите играчи. Мислам дека имавме многу шанси да го постигнеме четвртиот или петтиот гол, разочарани сме, можеби и навивачите, но мислам дека можеме да бидеме горди и на нашата игра. Сè оставивме на теренот и ова е она што сакам да го видам.

- Секако. Мораме да го покажеме ова ниво на секој натпревар бидејќи сме способни за тоа. Но, тоа е напорна работа. Како што реков претходно, сега мора да се опоравиме, да останеме фокусирани. Да се ​​опоравиме, да се храниме здраво, да се концентрираме на тренинг…порача Германецот.