Британската пејачка Лили Ален привлекла големо внимание на почетокот од својата турнеја „West End Girl“, кога на концертот во Глазгов се појавила во фустан направен од копии од сметки и рачно напишани стихови, за кои многумина сметаат дека се насочени против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Дејвид Харбор.
За време на изведбата на песната „4chan Stan“, Ален се обвиткала со долго парче ткаенина на кое биле отпечатени сметки за предмети кои, според нејзините тврдења, Харбор ги купувал за други жени.
Овој впечатлив костим бил дел од сценскиот приказ со кој пејачката ѝ го претставила на публиката распадот на својот брак и емоционалните последици што следеле по него.
Lily Allen wore a dress at her ‘West End Girl’ tour made of receipts showing things her ex David Harbour bought for other women. pic.twitter.com/RrUjOoXHGA
— Pop Crave (@PopCrave) March 4, 2026
Фустанот бил само еден од елементите на сложениот сценски концепт на турнејата што го следи нејзиниот албум „West End Girl“, проект силно инспириран од личните искуства и разводот од Харбор.

За време на концертот, Ален сменила повеќе костими, а секој од нив претставувал различна фаза од приказната за врската, предавството и раскинувањето. Во една од сцените носела проѕирен неглиже додека ја изведувала песната „Madeline“, која зборува за откривање на наводна афера.

Ален и Харбор се венчале во 2020 година, но се разделиле на почетокот од 2025 година по четири години брак, среде наводи за неверство. Пејачката потоа објавила албум кој отворено зборува за проблемите во врската и животот со партнер кој, според нејзините стихови, водел двоен живот.

Турнејата „West End Girl“ започна месецов и е планирано да опфати десетици концерти низ Велика Британија, Европа, Северна Америка и Австралија, а ќе трае до ноември оваа година.