[ФОТО] Новиот врховен лидер на Иран напиша порака на ракета испратена до Израел

Макфакс

09/03/2026

11:33

2.267

Големина на фонт

а а а

Иран ги изврши своите први ракетни напади откако Моџтаба Хамнеи стана нов врховен лидер, според објава на Телеграм каналот на државниот радиодифузер IRIB.

На фотографијата е прикажан проектил со натпис:

„Вам на услуга, Сејед Моџтаба“, („Сејед“ е почесна титула што се користи во исламот за потомците на пророкот Мухамед).

Моџтаба Хамнеи, син на покојниот врховен лидер на земјата, беше именуван за негов наследник.

Моџтаба Хамнеи е роден на 8 септември 1969 година во светиот град Машхад. Тој е едно од шесте деца на поранешниот врховен лидер, убиен на 28 февруари, кој беше на чело на земјата повеќе од три децении, потсетуваат медиумите.