Во Македонија и натаму продолжува трендот на намалување на раѓањата.
Најновите податоци на „Еуростат“ покажуваат дека стапката на фертилитет во земјата достигнала рекордно ниско ниво од 1,44 живородени деца по жена во 2024 година.

Фертилитетот бележи постепен пад во последната деценија. Стапката изнесувала 1,52 во 2004 и 2014 година, потоа се намалила на 1,49 во 2023, а во 2024 паднала на 1,44 деца по жена.
Истовремено, жените во Македонија првото дете го раѓаат во просек на 27,8 години, што покажува дека мајчинството сè почесто се одложува.

Падот на раѓањата е видлив и ако се погледнат подолгорочните статистики. Во 2024 година во Македонија се родиле 16.061 дете – речиси три пати помалку отколку во 1960 година, кога биле регистрирани 44.095 живородени.
Сличен тренд се бележи и на европско ниво. Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е 3,3 проценти помалку во споредба со 2023 година.
Вкупната стапка на фертилитет во ЕУ изнесува 1,34 живородени деца по жена, што е намалување во однос на 1,38 во 2023 година.
Според податоците на Евростат, најниска стапка на фертилитет во ЕУ во 2024 година има Малта – 1,01, додека највисока има Бугарија – 1,72 деца по жена.








