Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерката во Америка, таа повикала полиција

Точка

13/03/2026

22:15

660

Големина на фонт

а а а

Откако Лука Дончиќ потврди дека ја откажал свршувачката со Анамарија Голтес, објавени се детали за драмата што избила меѓу нив по нивното разделување.

Анамарија Голтес по раскинувањето се вратила од Тексас во родната Љубљана со ќерките. Кошаркарот потоа побарал постарата ќерка да ја однесе назад во Америка, што таа не го одобрила.

„Лука дојде да ги види неа и бебето и побара постарата ќерка да ја одведе во Америка за да биде кај него додека таа закрепне со бебето. Таа веднаш реагираше и повика полиција“, изјавил извор за српскиот „Telegraf“.


Изворот понатаму навел дека несогласувањата меѓу нив траат веќе три години.

„Сè започна од тоа што Анамарија не сакаше целосно да се пресели во Америка. Живееше на релација Љубљана – Америка, но многу време поминуваше во Љубљана, што на Лука не му одговараше. Тие и претходно ја раскинуваа свршувачката, но одлучија да ѝ дадат уште една шанса на љубовта, по што таа остана бремена“, раскажал тој.

Додал дека тие раскинале во ноември минатата година, но тоа било објавено дури неодамна. Поранешниот пар има две ќерки. Габриела е родена во ноември 2023 година, а Оливија во декември 2025 година. Анамарија поднела барање за алиментација.