[ВИДЕО] Поради една работа, легендарниот Ричард Гир никогаш не бил номиниран за Оскар: Направил потег кој Холивуд не го простува, веднаш бил ставен на црната листа

Точка

15/03/2026

14:00

1.339

Големина на фонт

а а а

Ричард Гир е актер кој го дефинираше поимот на холивудски заводник во филмови како „Убава жена“ и „Офицер и џентлмен“, но и човек чие име со децении беше на црната листа на Академијата за филмски уметности и науки.

Причината не беше неговиот талент, ниту неговиот недостаток, туку политичкиот бунт што Холивуд, во својата поврзаност со глобалниот капитал, не можеше да му го прости.

Моментот кој променил сè

Сè започнало на 65. доделување на Оскарите, во 1993 година. Гир излегол на сцената за да ја додели наградата за најдобра сценографија (арт дирекција). Наместо да се држи до напишаниот сценарио и рутински го прочита името на победникот, актерот одлучил да го искористи милионскиот аудиториум за да го насочи вниманието кон угнетувањето на народот на Тибет од страна на кинеската влада.

Како посветен следбеник на будизмот и близок пријател на Далај Лама, Гир жестоко ја критикувал власта во Пекинг. Казната била моментална и драконска: Академијата му забранила да се појавува на доделувањата во следните две децении, додека Кина доживотно му забранила влез во земјата

Кариера во сенка на политиката

Ова забрана не била само протоколарна. Како што Холивуд со текот на годините стануваше сè повеќе зависен од кинескиот кинобазар, Гир почнал да ги чувствува реалните последици од својот активизам. Големите студија го избегнувале, стравувајќи дека ангажирањето на актер кој е трн во окото на Пекинг може да ја загрози дистрибуцијата на нивните блокбастери на пазарот на земја со над милијарда жители.


Иако во 2002 година заблескал во мјузиклот „Чикаго“ и за таа улога го добил Златниот глобус, номинацијата за Оскар повторно изостанала. Многу критичари и денес сметаат дека тоа беше директна последица на тивка цензура. Самиот Гир подоцна, говорејќи за тој период, признал дека улогите во големите продукции му биле ускратени токму поради финансиските врски помеѓу Холивуд и Кина.

Рехабилитација и враќање под светлата на рефлекторите

Сепак, времето ги лечи старите рани или, во најмала рака, ги фрла во заборав. Гир се „врати“ на сцената на Оскарите во 2003 година, кога „Чикаго“ триумфираше како најдобар филм, а потоа и во 2013 година, кога заедно со колешките Рене Зелвегер, Кетрин Зита Џонс и Квин Латифа доделуваше награди за филмска музика.

„Изгледа дека сум рехабилитиран. Се чини дека, ако долго време ве нема, забораваат дека некогаш сте биле забранети“, прокоментирал Гир своевремено со својата препознатлива доза шарм и иронија.

Наследство кое ги надминува наградите

По паузата што ја направи во периодот од 2017 до 2023 година, Ричард Гир полека се враќа пред камерите, но неговото наследство останува цврсто утврдено преку култните наслови.


Од ладнокрвниот „Американски жиголо“, преку напнатиот „Исконски страв“, па сè до вознемирувачката приказна за верност во филмот „Хачико“, Гир докажа дека е многу повеќе од убаво лице.