Посна исхрана без компромис: Растителните напитоци што ја збогатуваат трпезата за време на Велигденскиот пост

Точка

16/03/2026

13:08

132

Големина на фонт

а а а

Додека трае Велигденскиот пост, мора да бидеме креативни и храбри со рецептите во кујната, за секој оброк да биде различен, вкусен и здрав – а сепак, посен. За среќа, живееме во време кога здравата храна ни е лесно достапна, а иновативните решенија на Виталиа навистина ни нудат избор дури и за време на постите.

Во минатото, посната трпеза најчесто се поврзуваше со ограничен избор на јадења, базирани главно на зеленчук, овошје и житарици. Денес, благодарение на современите трендови во здравата исхрана и растечката популарност на растителните производи, постот може да биде и можност за откривање нови вкусови и рецепти.


Особено место во овој тренд имаат растителните напитоци, кои во последните години стануваат сè почест дел од секојдневната исхрана. Тие се користат како алтернатива на млекото – како самостоен напиток, но и како состојка во бројни рецепти, од појадоци и смути напитоци до десерти и печива.

Во таа категорија спаѓаат и OatVita и RiceVita - растителни напитоци во прав од Виталиа, базирани на овес и ориз. Подготовката е едноставна и брза: доволно е да се додаде вода, по што напитокот е подготвен за консумација или за употреба во различни рецепти.


Благодарение на природните нутритивни влакна, OatVita и RiceVita обезбедуваат чувство на ситост и помагаат во одржувањето на здрава дигестија, без непријатности, грижи или пак нервози околу тоа дали се посни или доволно здрави.

Но не се работи само за вкус – туку и за енергија. Овесните и оризовите протеини се препорачуваат за одржување на здраво срце и мускулно-скелетен систем, а истовремено не го оптоваруваат телото. Тоа ги прави совршени за сите – од активни лица, до оние што водат сметка за холестеролот или едноставно сакаат нешто поразлично во својот дневен ритуал.


Овој велигденски пост, важно е да знаете дека имате повеќе избор отколку што мислите. Со посните нутритивни напитоци на Виталиа можете да продолжите да јадете вкусно и здраво, а безгрижно. Истите рецепти како и секогаш, со мал „твист“.

Побарајте ги OatVita и RiceVita во вашиот локален маркет.

Комерцијален текст