Составот на Вардар успеа да слави над Еурофарм Пелистер во првото дерби од плејофот во ракометната Суперлига.
Лидерот на табелата го загуби првиот дел со 12:11, но во вториот дел се покажа во далеку подобро издание од големиот ривал, одигра поефикасно во нападот, поцврсто во одбраната и се избори за триумф со кој направи нов исчекор кон враќање на пехарот во Скопје.
- Првото полувреме игравме нервозно, со црвен картон, некако бевме многу нервозни и во транзиција, губевме топки и промашувавме зицери, но бевме во мечот. Во овој дел поради голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика.
- Во вториот дел се договоривме да се смириме, да продолжиме со добра одбрана и дека нашите пет минути ќе дојдат, и дека Пелистер мора да го убрзаме во играта да ризикува и да ги чекаме нашите моменти. Благодарност до Пелистер за фер и коректниот меч, имаше убава атмосфера, секогаш е добро да се игра во полна сала. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за шампионска одбрана за титула и тоа ни донесе два бода. Играчите покажаа дека сакаат да бидат шампиони, дека ја сакаат титулата, - порача тренерот Иван Чупиќ.







