Дали добиваме нова кошаркарска велесила? Карипската држава собира репрезентација со 10 НБА играчи

Точка

16/03/2026

13:40

955

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската репрезентација на Јамајка наскоро би можела да стане исклучително конкурентна на светската кошаркарска мапа, бидејќи планираат во својата национална селекција да повикаат дури десет НБА играчи.

Кошаркари како Норман Пауел, Аусар и Амен Томпсон веќе се дел од проектот кој би можел значително да ја издигне репрезентацијата на Јамајка на светската сцена. Меѓутоа, сè повеќе се зборува и за нови имиња кои би можеле да им се приклучат.

Во комбинација се и играчи како Скоти Барнс, Ајзеја Стјуарт и Девин Васел. Доколку се оствари ова сценарио, Јамајка одеднаш би добила екипа полна со високи и атлетски играчи кои се расположени за поени, но можат да одиграат и врвна одбрана.

Најголемото внимание е насочено кон Џејлен Брансон, чија баба и дедо по мајчина страна се родени на Јамајка, што остава можност еден ден да заигра за оваа репрезентација.


Иако постојат одредени административни и логистички пречки што би требало да се решат, такво сценарио не е невозможно, особено затоа што Јамајка сè повеќе се препознава како кошаркарска нација во развој.

Можните репрезентативци на Јамајка оваа сезона во просек бележат:

Џејлен Брансон („Њујорк Никс“) – 26,3 поени, 3,5 скока, 6,6 асистенции

Норман Пауел („Мајами Хит“) – 22,5 поени, 3,6 скокови, 2,6 асистенции

Скоти Барнс („Торонто Репторс“) – 18,7 поени, 7,8 скокови, 5,3 асистенции

Амен Томпсон („Хјустон Рокетс“) – 17,8 поени, 7,7 скокови, 5,3 асистенции

Ендру Вигинс („Мајами Хит“) – 15,9 поени, 5,1 скок, 2,8 асистенции

Девин Васел („Сан Антонио Спарс“) – 14,2 поени, 3,9 скокови, 2,4 асистенции

Аусар Томпсон („Детроит Пистонс“) – 10,2 поени, 5,9 скокови, 2,9 асистенции

Ајзеја Стјуарт („Детроит Пистонс“) – 10 поени, 5,1 скокови, 1,2 асистенции

Џош Минот („Бруклин Нетс“) – 6,2 поени, 3,2 скокови, 0,9 асистенции

Ник Ричардс („Чикаго Булс“) – 5,5 поени, 4,9 скокови, 0,3 асистенции

Доколку сите овие коцки навистина се наредат, Јамајка би можела да стане едно од најинтересните имиња на меѓународната кошаркарска сцена.