[ФОТО] Меган Фокс се појави во мини фустан и подвезици на забавата по Оскарите, бујното деколте на актерката во прв план

Супермен

17/03/2026

14:15

1.228

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс привлече големо внимание појавувајќи се на забавата по доделувањето на Оскарите што ја организираа Џеј-Зи и Бијонсе.

За таа пригода носеше многу провокативна, црна комбинација инспирирана од долна облека — сатенски мини фустан под кој се гледаше чипкан градник, заедно со халтери и подвезици.


Изгледот го надополни со платформи, чокер-ѓердан и очила за сонце, што потсетува на модата од раните 2000-ти. Со ова издание особено ги истакна своите тетоважи на рацете.

Ова е едно од ретките појавувања во јавноста откако во март 2025 година ја доби ќерката Сага со поранешниот партнер Машин Ган Кели. Во последно време повторно е активна и на социјалните мрежи, каде објавува провокативни фотографии.

Неодамна ги „запали“ социјалните мрежи споделувајќи фотографии на кои позира во танга, а на објавата реагираше и нејзиниот поранешен свршеник.


Фокс претходно зборуваше за предизвиците по породувањето, вклучувајќи го заморот и недостатокот на сон, но нагласи дека моментално нејзиниот најголем фокус е на децата и семејството. Според извори, таа и Машин Ган Кели сега првенствено се посветени на заедничко родителство.

На забавата на која присуствуваше беа присутни и други познати личности како Хејли Бибер и Тимоти Шаламе.

Исто така се шпекулираше дека би можела да се сретне токму со поранешниот партнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk