[ВИДЕО] Испливаа шокантни снимки од озлогласениот готвач: Реџепи ги малтретирал вработените, ги нарекувал „идиоти“ и физички ги напаѓал

Точка

17/03/2026

19:40

1.361

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку дена наголемо се пишува за ситуацијата во познатиот ресторан „Noma“, еден од највлијателните ресторани во светот, кој се наоѓа во Копенхаген, Данска.

„Noma“ со години беше симбол на модерната нордиска кујна и повеќепати беше прогласуван за најдобар ресторан во светот на листата „The World's 50 Best Restaurants“. Ресторанот стана познат по иновативниот пристап кон локалните намирници, ферментацијата и сезоналноста, а многумина го сметаат за едно од местата што ја промениле современата гастрономија.

Озлогласениот Рене Реџепи на чело

На чело на ресторанот е готвачот Рене Реџепи, еден од најпознатите готвачи на денешницата, кој токму преку „Noma“ изгради репутација на пионер на т.н. нова нордиска кујна. Меѓутоа, во последните денови неговото име повторно се најде во центарот на контроверзии откако се појавија обвинувања за злоставување на вработени и токсична работна атмосфера во кујната.

Сега на социјалните мрежи се појавија и нови видеа кои ги прикажуваат неговите испади за време на работата во кујната. На снимките се гледа како вербално ги навредува вработените, а во еден момент и физички се нафрла на колешка.


Видеата што кружат на Инстаграм наводно се снимени за време на работа во кујната на ресторанот и дополнително ја разгореа расправата за културата на работа во врвните ресторани.

На снимка вика на вработен и го нарекува идиот

Во едно од видеата се гледа како Реџепи стои зад работната површина и им објаснува на вработените како треба да го сервираат јадењето на чинија. Додека покажува каде точно треба да се постави храната, неколкупати го повторува прашањето: „Дали е ова средината на чинијата?“.

Потоа станува сè понервозен и му се обраќа на вработениот со покачен тон, притоа повеќепати нарекувајќи го идиот. Во еден момент вели: „Замолчи и пушти ме да завршам или ќе полудам на тебе. Кој дел не го разбираш? Прво заврши го проклетото миење садови и својата работа пред да почнеш да правиш глупости“.

Видеото прикажува напната атмосфера во кујната, додека останатите членови на тимот молчат и продолжуваат да работат.


На второто видео се гледа и физичко насилство

Второто видео прикажува момент во кој Реџепи, видно вознемирен, ја напушта кујната и се упатува кон излезот. Додека поминува меѓу работните станици, нагло удира во вработена која во рацете носи садови. Од силата на ударот, садовите почнуваат да ѝ паѓаат од рацете, додека Реџепи продолжува да оди кон излезот без да застане.

Снимките дополнително ја поттикнаа расправата за начинот на кој во некои врвни ресторани се води кујната и какви се вистинските работни услови зад сцената на една од најпознатите гастрономски институции во светот.