Утрово се измерени -3 степени на Попова Шапка, 0 степени на Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 во Берово, 3 во Крива Паланка, Претор, 4 во Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и 8 степени во Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР.
Висината на снежна покривка е 58 сантметри на Попова Шапка, 1 во Крушево.
Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со слаби врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.








