Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

Макфакс

18/03/2026

09:52

332

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека војната на Блискиот Исток може да доведе до недостиг на ракети клучни за одбраната на Украина, пренесе „Би-Би-Си“.

СветЗеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракетиОбјавено пред 14 секунди - 18 март, 2026Од Е. Т. / Макфакс

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека војната на Блискиот Исток може да доведе до недостиг на ракети клучни за одбраната на Украина, пренесе „Би-Би-Си“.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин има корист од конфликтот, бидејќи се пренасочуваат американските ресурси, а растат и цените на енергенсите.

„За Путин е плус долготраен конфликт во Иран“, изјави Зеленски, додавајќи дека тоа значи исцрпување на американските залихи и производители на противвоздушна одбрана.

Според него, сигурно ќе има недостиг на ракети „Патриот“, што ќе биде сериозен предизвик за Украина. Посочи дека САД произведуваат околу 60 до 65 ракети месечно, додека само првиот ден од конфликтот на Блискиот Исток биле употребени повеќе од 800.

Зеленски исто така повика на подобрување на односите меѓу западните лидери и нагласи дека фокусот мора да остане на Украина.