[ФОТО] Листа на најубави дестинации за пролетни патувања: Градовите кои пленат со убавина, а времето е идеално за да ги истражите

Точка

18/03/2026

13:47

600

Големина на фонт

а а а

Британскиот портал „Independent“ објавил избор на европски градови идеални за кратко пролетно патување.

Како што истакнуваат тие, пролетта е совршено време за кратко бегство затоа што претсезоната носи пријатни температури и помалку метеж за разлика од летните месеци.

Сплит, Хрватска

„Вториот најголем град во Хрватска, Сплит, често е во сенка поради Дубровник, но нуди еднакво привлечна алтернатива со изобилство на содржини. Иако е одличен за подолг одмор и обиколување на островите, Сплит сам по себе е дестинација која вреди да се истражи“, велат британските новинари.


Тие наведуваат и дека Диоклецијановата палата, изградена меѓу 295 и 305 година пред наша ера, се состои од над 200 згради и еден од најголемите зачувани римски комплекси.

„Без оглед на својата старост и денес е многу жив простор, со илјада станови и бројни деловни простории во внатрешноста на древните ѕидини. Рива е сликовито шеталиште покрај море, а пролетта е идеално време за посета поради помалиот метеж и пријатните температури“, додаваат тие.

Сен Тропе, Франција

На списокот се нашол и познатиот француски Сен Тропе, гламурозна дестинација на Азурното крајбрежје позната по луксузните јахти, клубови на плажите и живата атмосфера. Посетителите можат да шетаат по стариот кварт Ла Понш или да уживаат на познатата плажа Пампелон.


Валенсија, Шпанија

Шпанска Валенсија исто така е меѓу препорачаните дестинации. Пролетта е особено погодно годишно време за посета затоа што налето температурите често надминуваат 40 степени. Градот нуди спој на историски центар и долги песочни плажи како Ла Малваросе.


Фиренца, Италија

На списокот е италијанска Фиренца, еден од најпознатите ренесансни градови на светот. Градот е познат по уметничките галерии, историски плоштади и знаменитости како Давид на Микеланџело и галеријата Академија.


Атина, Грција

Меѓу препораките на порталот „Independent“ се нашла и грчката престолнина Атина. Пролетта е идеално време за разгледување на историските локалитети како Акропол, Партенон и античка Агора, пред да стигнат летните жештини и туристичкиот метеж.