Тренерот на Леверкузен ги издвои фаворитите за пехарот во ЛШ

Дерби

18/03/2026

13:47

283

Големина на фонт

а а а

Баер Леверкузен немаше сила за изненадување против Арсенал и загуби со 2-0 на дуелот во Лондон или поточно со вкупни 3-1 го комплетираше двомечот и се збогуваше со Лигата на шампионите за оваа сезона.

Многумина веруваа дека „фармацевтите“ ќе бидат лесен залак за „топчиите“, но тоа не беше така и бундеслигашот се покажа како цврст тим против една од најдобрите екипи во Европа.

Тренерот на Леверкузен, Каспер Хјулманд смета дека Арсенал може да оди до крајот на ова натпреварување, ама против издвои и уште еден тим за кој верува дека е многу силен.

- Да, можат да одат до крај. Можете да го видите тоа и во Премиер лигата, нивното водство, најмалку голови против нив, најголем број постигнати голови, така што не е случајност, а кога ја структурираш играта вака е многу тешко. Но, исто така мислам дека Баерн е многу поинаков тип на игра. Тие го прават тоа поинаку, Баерн, и тие се на многу, многу високо ниво.

- Би рекол дека е во прашање директен дуел, но во натпреварувањето има и други тимови како ПСЖ и Реал Мадрид. Значи, тоа е тесен број на тимови и во еден натпревар никогаш не знаете што ќе се случи, во два натпревари, во фудбалот, а станува збор за тоа да бидете подготвени на вечерта. Но, тие дефинитивно се… во турнир како Премиер лигата можам да видам зошто се снаоѓаат толку добро, - истакна Хјулманд.