Винисиус ги објасни гестикулациите кои им ги испрати на фановите на Сити: Фудбалот ви нуди шанса за реванш

Дерби

18/03/2026

13:48

272

Големина на фонт

а а а

„Престани со толку многу плачење“ беше пораката која му ја посветија фановите на Манчестер Сити кога Винисиус Жуниор за првпат се врати на „Итихад“ откако Родри ја освои „Златната топка“, но 18 месеци подоцна, Бразилецот доби шанса за реванш и вечерва со два гола ги замолкна навивачите на англискиот клуб.

Бразилецот со јасни гестикулации за плачење го прослави првиот гол за 0:1, а одмазднички се радуваше и кога погоди во судиското продолжение за конечни 1:2.

Вини со своите два гола го реши прашањето околу победникот и Реал обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампиони, па за новинарите доста интересен беше одговорот кој го даде Бразилецот за неговите гестикулации кон фановите.

– Фудбалот секогаш ви носи нова шанса, а јас сега ја дочекав. Победивме и одиме во четвртфиналето. Ова е победа за навивачите и нашиот стручен штаб кој прави се за да одиме во вистински правец.

– Ова е момент кој може да ни ја смени сезоанта. Сите знаеме дека сега следат најважните натпревари, а кога Реал игра во Лигата на шампиони, се се менува. Подготвени сме за тоа што следи во следната рунда, – изјави Бразилецот, алудирајќи на планираниот дуел со Баерн Минхен.

Видеото погледнете го ТУКА.