[ВИДЕО] Собослаи ги „поздрави“ ѕвездите на Галатасарај: Сцените од Истанбул ги сфатив лично!

Дерби

19/03/2026

07:59

474

Големина на фонт

а а а

Доминик Собослаи беше најдобар играч на Ливерпул на уште еден натпревар оваа сезона, а овојпат заслужено доби признание и од УЕФА по големата победа која ја остварија „црвените“ за пласман во четвртфинале во Лигата на шампиони.

Тимот на Арне Слот го надигра Галатасарај и го испрати за Истанбул со „четири парчиња“, но реалноста е дека Галатасарај можеше да настрада и доста пожестоко од конечните 4:0.

Четирите гола значеа дека Ливерпул многу лесно ги надокнади оние 1:0 од Истанбул, а синоќа убедливо најрасположен за игра беше Собослаи кој постигна одличен гол, но кој и избори пенал.


Унгарскиот фудбалер игра во страшна форма цела сезона и е убедливо најконстантен играч на Ливерпул, а како таков, откри дека негова главна мотивација за пресвртот било предвременото славје на играчите на Галатасарај по првиот чин во Турција.

– На претходниот натпревар, ги слушав ривалите како се радуваат додека давав интервју. Зборував со неколку момци и тие ми кажаа дека тоа е вообичаено во Турција. Таму се слави предвреме, иако има втор натпревар…..

– Да бидам искрен, овој реванш го сфатив лично, а мислам дека истото важеше за уште неколку играчи од тимот. Се уште стојам зад тоа дека не треба да се радувате прерано. Можеби не мислеа ништо лошо, но токму тие ни дадоа ветер во грб и не натераа да ги нападнеме од првата секунда, – порача Собослаи.