На свечената премиера на научно-фантастичниот филм „Project Hail Mary“, која се одржа во Њујорк, особено внимание привлекла манекенката Хајди Клум (52) која се појавила во друштво на синот Хенри Семјуел (20) и Елиас Бекер, синот на тениската легенда, Борис Бекер.
Иако Клум навикнала да биде во центарот на вниманието, овој пат рефлекторите биле насочени кон нејзиниот 20 годишен син, Хенри, кој сè посигурно го гради својот пат во модната индустрија.

Неговиот стил и самодоверба на црвениот килим не поминале незабележано, а многумина веќе истакнуваат дека се работи за ново лице кое би можело да остави свој белег на модните писти.

Хенри Гинтер Адемола Дашту Семјуел, кој Хајди го има со музичарот Сил, долго време бил далеку од очите на јавноста. Но во текот на изминатата година ситуацијата значително се променила. На почетокот од 2005 година тој ја отворил ревијата на модната куќа „Лена Ерзиак“ на Неделата на високата мода во Париз, каде носел впечатливи црни комбинации, вклучувајќи ја и онаа со драматично отворен грб.
Неговиот подем беше дополнително потврден со потпишувањето на договорот со престижната агенција „Некст Менаџмент“, со што и официјално влегол во светот на манекенството. Иако признал дека растењето со мајка супермодел го обликувало неговиот поглед на индустријата, истакнал дека неговата цел е да изгради сопствен идентитет.

Од друга страна, неговата сестра Лени Клум веќе тргнала по истата патека, започнувајќи ја манекенската кариера во 2021 година.

Изгледа дека новата генерација на семејството Клум успешно ја продолжува модната приказна, со поддршка од славната мајка која гордо ги следи од првите редици.