[ФОТО] Сидни Свини во интимна долна облека и халтери ја оправда титулата на една од најатрактивните актерки

Супермен

19/03/2026

15:43

502

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Сидни Свини „ги запали“ социјалните мрежи откако позираше во интимна долна облека во новата кампања на својот бренд „SYRN“.

Таа носела светлорозов градник, гаќички и халтери, а изгледот го надополнила со високи потпетици во иста боја и ѓердан. На Инстаграм се редат комплименти на сметка на нејзиниот изглед.


„Запрепастувачки! Изгледаш нереално“, „Го рушиш интернетот секојпат кога објавуваш нови фотографии“, „Најубавата жена на светот“, се некои од нив.

И покрај провокативните фотографии, Сидни Свини истакнува дека нејзиниот бренд на долна облека е направен исклучиво за жени, а не за привлекување машки погледи.


„Ја враќам контролата врз сопственото тело и мојата приказна и ги користам истите за да ги зајакнам другите жени. Луѓето ќе речат: ‘Таа го прави ова за мажите’, но јас велам: ‘Што може да биде повеќе женствено од тоа да имаш контрола врз сопственото тело и да го правиш тоа за себе?’“, изјави во интервју за списанието „Cosmopolitan“.

Инаку, фановите на серијата „Euphoria“ неодамна забележаа дека Сидни Свини не се наоѓа на групната фотографија со која „HBO“ ја најавува третата сезона, а фановите сметаат дека е отстранета поради расправија со Зендеја. Но, извори за „Page Six“ наведоа дека актерката не била на фотографирањето бидејќи тогаш снимала сцена и дека тоа не е поврзано со никаква расправија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk