Американски генерал: Не подготвуваме инвазија на Куба, но сме подготвени за реакција

Макфакс

19/03/2026

20:29

190

Големина на фонт

а а а

Американската војска не подготвува инвазија на Куба, ниту вежба такво сценарио, изјави генерал Френсис Донован, пренесе Ројтерс. Сепак, САД се подготвени да реагираат доколку има закана за нивната амбасада, базата во Гвантанамо или во случај на масовна миграција.

Изјавата доаѓа во време на зголемено американско воено присуство во Латинска Америка, каде администрацијата на Доналд Трамп ја засилува својата улога, особено во борбата против трговијата со дрога.

Во однос на Куба, САД главно вршат економски притисок, вклучително и прекин на испораките на венецуелска нафта, што придонесе за енергетска криза и прекин на струја низ земјата.

Донован истакна дека базата во Гвантанамо е во лоша состојба и има потреба од инвестиции, но останува стратешки важна за операциите во регионот.

Тој додаде дека во случај на директна закана за американски објекти, САД би испратиле војска за заштита на своите граѓани.