Поранешниот советник на Трамп: Војната во Иран е европска војна

Макфакс

19/03/2026

21:37

475

Големина на фонт

а а а

Поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, ја критикуваше пасивноста на европските лидери во војната со Иран, оценувајќи ја како „грешка“, пренесе „Еуроњуз“.

Тој изјави дека конфликтот во Иран е европска војна, предупредувајќи дека Европа е директно загрозена од можен нуклеарен и ракетен капацитет на Иран, кој може да погоди делови од континентот.

Болтон посочи дека неделувањето на ЕУ може да го поттикне Трамп да заклучи дека Украина не е американска војна, што би имало последици врз поддршката за Киев.

Според него, крајната цел на американската политика во Иран е промена на режимот, но предупреди дека доколку режимот опстане, заканите ќе се обноват.

Изјавите доаѓаат во време кога конфликтот влегува во четвртата недела, а европските лидери сè уште се воздржани од директно вклучување.