Најпопуларниот, а веројатно и најдобриот играч во историјата на снукерот, Рони О’Саливен, оствари неверојатен подвиг.
Тој стигна до најголемиот брејк во историјата на снукерот со 153 поени во четвртфиналето на „World Open“ во Кина, а интересно е што тој фрејм го доби со резултат 169:0.
Познато е дека максималниот брејк во снукерот изнесува 147, но Рони успеа да го направи невозможното и да ја надмине таа бројка. Тоа му го овозможи Рајан Деј, кој промаши топка и му остави на Рони слободна топка.
Поради тоа, О’Саливен ја погоди зелената топка и го започна фрејмот со 8:0. Потоа уфрли 15 црвени, 13 црни и 2 розови топки за рекордни 153 поени (иако во овој случај максимумот би бил 155).
Рони на крајот го доби мечот со 5:0 и се пласираше во полуфиналето.
„Благодарам на сите што ми честитаа за овие 153. Тоа беше одличен момент во мојата кариера“, напиша легендарниот Рони на „Twitter“.
Ronnie O'Sullivan's historic 153 break! The highest ever in snooker history 🤯pic.twitter.com/8XwxGWV8EB
— Chris Hammer (@ChrisHammer180) March 20, 2026








