Фулам договори трансфер на напаѓач меѓу два преодни рока

Дерби

20/03/2026

12:56

176

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Фулам наскоро треба и официјално да потврди дека е постигнат договор со ПСВ Ајндховен за трансфер на напаѓачот Рикардо Пепи.

Се работи за американски репрезентативец кој веќе го покажа својот потенцијал во Холандија, а во Фулам се убедени дека ќе биде одлична замена за Раул Хименес.

Мексиканецот заминува по крајот на сезоната бидејќи Фулам не му понуди продолжување на договорот, а ПСВ ќе добие околу 30 милиони евра за да му дозволи на Пепи да се пресели во Лондон.

23-годишниот Американец беше поврзуван со Фулам и во јануари, но клубовите тогаш не пронајдоа заеднички јазик, за сега Пепи да пристигне на лекарски прегледи меѓу два преодни рока и да го официјализира својот трансфер, кој ќе стапи на сила по крајот на сезоната.

Пепи ќе настапува за својата репрезентација на СП 2026, а неговиот фудбалски пат е интересен бидејќи од родниот Тексас замина за Германија, каде настапуваше за Аугзбург, а по заемот во Гронинген, заврши во редовите на ПСВ.