ВМРО-ДПМНЕ за апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: Крај на неказнивоста, законот важи за сите

Макфакс

20/03/2026

12:29

180

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите, истакнуваат од владејачката партија.

Додаваат дека секој којшто го прекршил законот мора да одговара.

„Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат.

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите.

Во исто време, ја повикуваме јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции.

Во време на владеењето на СДС и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите“.

СДС и ДУИ поради недостиг од транспарентност и отчетност придонесе, додаваат од владејачката партија, во продлабочување на перцепцијата на неказнивост и зголемување на криминалот и корупцијата во секоја пора во општеството.

„Времето на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поддршка на земјоделците преку конкретни мерки и политики кои ќе обезбедат развој и стабилност на секторот“.