Американската пејачка Никол Шерцингер беше видена во четвртокот, на 19 март, на улиците на Њујорк, каде што привлече внимание со својот елегантен и одважен моден избор.
Имено, пејачката се појави како гостинка на радио, а во друштво ѝ беа и членките на нејзиниот поп состав, групата „Pussycat Dolls“: Никол Шерцингер, Кимберли Вајат и Ешли Робертс. Триото ги изненади обожавателите со повторното обединување, најавувајќи враќање на култниот поп состав.
Сите очи беа вперени во Шерцингер кога се појави во впечатлив црн кожен фустан, кој го надополни со долг мантил од иста боја и материјал. Фустанот на предната страна имаше изрез кој ги нагласуваше нејзините бујни гради.
Аутфитот го надополнила со големи дијамантски обетки, очила за сонце, чевли со високи потпетици и неколку елегантни прстени. Нејзината долга црна коса беше благо виткана на краевите и слободно пуштена, додека шминката била дискретна и софистицирана.

Обожавателите на социјалните мрежи брзо почнаа да споделуваат фотографии и коментари, фалејќи го изгледот на Шерцингер и истакнувајќи колку им значи да ги видат сите три членки заедно. Инаку, ова враќање на „Pussycat Dolls“ не само што предизвика еуфорија меѓу обожавателите, туку и потсети на големата популарност на групата која доминираше на музичката сцена во раните 2000-ти години.















