[ВИДЕО] Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

A1ON.MK

21/03/2026

19:01

1.033

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање.

Жената не е идентификувана, а причините за смртта сè уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.