[ВИДЕО] Иран со балистичка ракета го нападна градот каде се наоѓа главниот нуклеарен објект на Израел

Макфакс

21/03/2026

20:52

1.368

Големина на фонт

а а а

Околу дваесет лица се повредени во напад со балистичка ракета извршен од Иран врз јужниот израелски град Димона, соопштија израелските служби за итни случаи.

Како резултат на ударот, евидентирана е материјална штета на блиските станбени згради.

Во Димона се наоѓа главниот нуклеарен објект на Израел.

Постројката изградена во 1960-тите со помош на Франција, се смета за клучна за израелската нуклеарна политика.

Според проценките, во него се произведува плутониум за непријавена програма за нуклеарно оружје, со арсенал што се проценува на 80 до 400 боеви глави.

Израел е една од петте земји – заедно со Индија, Пакистан, Северна Кореја и Јужен Судан – кои не го потпишале меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје. Тој ги обврзува земјите да ја промовираат мирната употреба на нуклеарната енергија и да го спречат ширењето на нуклеарното оружје.

Иран е потписник на договорот, но Израел и светските сили го обвинуваат Техеран за негово кршење со непотребно збогатување на ураниум до ниво доволно за нуклеарно оружје.

Договорот признава само пет држави како официјални нуклеарни сили: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Сите тие тестираа нуклеарно оружје пред 1967 година, годината што договорот ја поставува како граница за ова признавање.