За 11 години, преку 11.000 клиенти – ВФП Фонд Менаџмент како ваш партнер во инвестирањето

Точка

24/03/2026

13:41

177

Големина на фонт

а а а

Да се направи вистинската одлука во вистинското време – тоа е тајната за стабилна и сигурна финансиска иднина. А тоа добро го знае ВФП Фонд Менаџмент, компанија која повеќе од една деценија им помага на нашите граѓани да донесат правилни одлуки и мудро да ги вложат своите пари.

Инвестирањето на сопствените средства е одговорна, но и многу деликатна активност, која за да создаде вредност бара инвеститорот добро да ги познава тековите и состојбите на пазарот. Затоа оваа одлука е најдобро да се донесе во консултација со експерти, како што се агентите на ВФП Фонд Менаџмент.

ВФП Фонд Менаџмент е друштво кое управува со инвестициски фондови кое во Македонија е основано во 2014 година, како дел од WVP Group од Грац, Австрија, и во моментов оперира како најголемо претставништво на Групацијата во регионот. Во последните 10 години инвестициските агенти на ВФП Фонд Менаџмент им се на располагање на корисниците да одлучат како и каде е најдобро да ги вложат нивните средства за да добијат поврат на инвестицијата, со голема успешност. Денес, повеќе од 11.000 клиенти инвеститори се потпираат на експертизата на агентите на ВФП Фонд Менаџмент, а компанијата управува со средства во износ од преку 240 милиони евра и има создадено преку 40 милиони евра додадена вредност за инвеститорите.

Посветеноста на потребите на инвеститорите, иновативниот пристап во комбинација со навремени стратешки инвестиции ја позиционираа компанијата како клучен играч во инвестициската индустрија. Акцентот кој ВФП Фонд Менаџмент го става на градењето на способен и професионален тим е само дел од компаниската култура ориентирана кон клиентите, кои ги доверуваат своите заштеди во рацете на оваа компанија со голем тим од портфолио менаџери и аналитичари и преку 130 врвно обучени агенти, со цел да ја зголемат нивната вредност.

Како глобална компанија со повеќе од 10 години искуство на домашниот пазар и преку 40 години собрано интернационално искуство од Групацијата, ВФП Фонд Менаџмент го користи знаењето стекнато на пазарите ширум светот во насока на обезбедување на најдобро можно искуство на клиентите и градење на взаемна доверба за долга и успешна соработка. ВФП Фонд Менаџмент ги насочува своите клиенти кон правилната одлука и вистинската инвестиција, нудејќи им инвестициски план на акции и хартии од вредност од земјата и од светот во кои можат да инвестираат, појаснувајќи им ги ризиците поврзани со инвестицијата и проектирајќи ја нивната потенцијална добивка.

Во процесот на обезбедување на стабилна финансиска иднина, ВФП Фонд Менаџмент ја наоѓа својата улога како ментор и верен партнер на инвеститорот, помагајќи му да инвестира согласно неговите можности и потреби. А ако ги прашате агентите на ВФП Фонд Менаџмент, тие ќе ви кажат дека „со ВФП Фонд Менаџмент, се создава вистинска вредност од заштедата на долг рок“, единствено што е потребно е само храброста да се направи првиот чекор и да се започне со инвестирање.

Податоците се заклучно со 31.12.2025 година.

Дознајте повеќе на: https://www.wvpfondovi.mk/mk/.

Комерцијален текст