„BBC“: Алармантно предупредување на шефот на американскиот гигант - „Светот е во ризик од длабока рецесија“

Точка

25/03/2026

21:53

797

Големина на фонт

а а а

Финк предвидува две сценарија – смирување на ситуацијата и пад на цените или долг период на високи цени со ризик од длабока рецесија.

Тој ја спомнува важноста на прагматичната енергетска политика и предупредува дека високите цени на енергијата најмногу ги погодуваат сиромашните, но тие би го забрзале и преминувањето на обновливи извори.

„Ако цената на нафтата достигне 150 долари по барел, светот ќе падне во рецесија“, предупреди шефот на американскиот финансиски гигант „BlackRock“, Лари Финк, во интервју за „BBC“.


Финк нагласил дека доколку Иран „остане закана“ и цените на нафтата останат високи, глобалната економија ќе претрпи „сериозни последици“.

„BlackRock“ е финансиски гигант со имот вреден околу 14 билиони долари и еден од најголемите инвеститори во многу водечки светски компании.

Оваа величина и домет на Финк, којшто е еден од осумте коосновачи на компанијата основана во 1988 година, му даваат единствен увид во состојбата на глобалната економија.

Конфликтот на Блискиот исток веќе предизвика моќни потреси на финансиските пазари, додека пак инвеститорите се обидуваат да проценат како ќе се движи цената на енергијата.

Финк смета дека е прерано за носење конечни заклучоци за обемот и исходот на конфликтот, но гледа две можни сценарија.

Во првото, ако ситуацијата се смири во Иран и повторно стане прифатлива за меѓународната заедница, цената на нафтата би можела да падне под ниво пред војната.

Во спротивно, предупредува тој, светот би можел да влезе во период од „години со цени над 100, близу 150 долари по барел“, што би имало долгорочни последици по економијата и веројатно би резултирало со „остар и длабок пад – рецесија“.

„Најмногу ќе бидат погодени сиромашните“

Финк нагласува дека земјите мора да бидат прагматични во своите енергетски политики и да ги користат сите расположливи извори, но и да обезбедат евтина енергија како основа за раст и повисок животен стандард.


„Растечката цена на енергијата делува како многу регресивен потег – најмногу ќе бидат погодени сиромашните“, предупредува тој.

Додава дека продолжениот период на високи цени на нафтата, на пример, три или четири години по цена од 150 долари, го забрзува преминувањето на многу од земјите на соларна енергија.